Ердоган се откажа од протерување на десет западни амбасадори

Од:

Западните амбасадори во Турција се „повлекоа“ и ќе бидат „повнимателни во иднина“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по што соопшти дека се откажува од протерувањето на 10 дипломати на кои им се закануваше поради нивната поддршка за затворениот филантроп Осман Кавала.

– Нашата намера не беше да предизвикаме криза, туку да ги заштитиме суверените права на Турција, рече Ердоган.

Десет амбасадори од САД, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска во заедничка изјава на 18 октомври повикаа на „брзо и правично решение на случајот“ Осман Кавала, кој е во затвор од 2017 година..

Ердоган ова го протолкува како „напад“ и „навреда“ за турското правосудство, пренесува Бета.

– Моја задача, како шеф на државата, беше да го дадам потребниот одговор, додаде турскиот претседател, истакнувајќи дека турските судови не примаат наредби од никого.

– Нивното ново соопштениеа покажува дека се повлекоа, рече Ердоган откако 10 земји во изјавите потврдија дека дејствуваат „во согласност со член 41 од Виенската конвенција“, кој ги регулира дипломатските односи и забранува какво било мешање во внатрешните работи на земјата домаќин.

Ердоган во саботата соопшти дека наредил што поскоро протерување на тие 10 дипломати, иако таа објава не била придружена со официјално известување испратено до дадените земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски