Ердоган: Под контрола ставени 202 од вкупно 214 шумски пожари низ Турција

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека од вкупно 214 шумски пожари во 46 области на Турција, под контрола се ставени 202, пренесува Анадолија.

Турскиот претседател на Твитер напиша дека од копно и од воздух интензивно продолжуваат операциите за гаснење на шумските пожари.

Тој прецизира дека во овие операции се вклучени 18 авиони за фрлање вода, 850 пожарникарски возила и танкери за вода, 57 хеликоптери, 150 градежни возила, девет беспилотни летала и 5.250 персонал.

Ердоган рече дека во операциите се вклучени и четири авиони и еден хеликоптер, што се обезбедени од странство со придонес на приватниот сектор и невладините организации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски