Ердоган по средбата со Путин: Мирот не е далеку

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Туркменистан, изрази надеж дека ќе разговара и за мировниот план меѓу Украина и Русија со американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека „мирот не е далеку“, соопшти утрово кабинетот на турскиот претседател, објави Ројтерс.

За време на 90-минутната средба меѓу Ердоган и Путин во Ашхабат, главниот град на Туркменистан, турскиот лидер потврди дека Турција е подготвена да биде домаќин на разговори за Украина во кој било формат.

Како што претходно објави агенцијата ТАСС, двајцата лидери се сретнаа на маргините на Меѓународниот форум за мир и градење доверба и првично разговорите се одржаа со учество на делегации од двете земји, но претседателите потоа ги продолжија своите дискусии „приватно“.

Путин и Ердоган се согласија во Ашхабат дека европските обиди за запленување на руски средства ќе доведат до колапс на темелите на меѓународниот финансиски систем, соопшти претходно Кремљ.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Само Турција може директно да преговара со Путин и Зеленски

Трамп не му верува на Путин: Украина не ја нападна резиденцијата на Путин

Ердоган: Она што го направи фараонот Нетанјаху нема да помине неказнето

Каја Калас за нападот врз резиденцијата на Путин: „Неосновани тврдења од страна на агресорот“

Полскиот претседател го предупреди Трамп: Не му верувај на Путин

Само тројца лидери на европски земји добија честитки од Путин за Нова година и Божиќ

Катерина Ѓуровски