Ердоган: Ниту САД ниту Русија нема да се обидат да употребат нуклеарно оружје

Од:

Ниту САД ниту Русија нема да се обидат да употребат нуклеарно оружје, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по состанокот на шефовите на разузнавачките служби на двете земји во Анкара.

– Според информациите што ги добив од мојот директор на разузнавачката служба за САД и Русија, ниту една од нив нема да се обиде да употреби нуклеарно оружје, подвлече Ердоган, пренесува Анадолија.

Шефот на ЦИА, Вилијам Бернс и неговиот руски колега Сергеј Наришкин имаа средба на почетокот од неделата во Анкара, потврдија претходно од кабинетот на Ердоган.

Тогаш Бернс, како што наведува Белата куќа, го предупреди рускиот шеф на разузнавачката служба за последиците со прибегнување кон нуклеарно оружје, што Русија се закануваше дека ќе го употреби во Украина.

Како што информираше Белата куќа за состанокот, „не се работеше за какви било преговори“ ниту за „разговори за решавање на војната во Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија