Ердоган го нарече „победа“ поразот на Марин Ле Пен во Франција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го оквалификува како „победа“ поразот на кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен минатиот викенд на претседателските избори во Франција, пренесоа турските медиуми.

„Отстранувањето и поразот на екстремистичките ставови на француските избори ми се чини дека е победа, бидејќи се од што страдаме е предизвикано од екстремизам“, изјави Ердоган.

Ле Пен, која рече дека сака да се „бори против исламистичката идеологија“ и да се залага за „забрана за носење муслимански превез во јавност“, загуби од центристот Емануел Макрон, но забележа рекорден резултат за екстремната десница, освојувајќи 41,5 отсто од гласови.

Се надевам дека како резултат на овие избори нашите односи со Франција ќе бидат многу подобри, додаде турскиот претседател.

Ердоган вербално се судри со Макрон во неколку наврати во последните години, обвинувајќи го дека „води кампања на омраза“ против муслиманите, откако францускиот претседател ја бранеше слободата на изразување по објавувањето на карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ле Пен е осудена на четири години затвор, а доби и забрана да се кандидира за јавна функција следните пет години

Горан Наумовски

Марин Ле Пен е прогласена за виновна – пресудата може да и ја уништи политичката кариера

Горан Наумовски

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ