Ердоган: Главната опозициска партија во Турција се обидува да ги измами луѓето со театралност

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека главната опозициска Републиканска народна партија се обидува да ги прикрие сопствените грешки и да ги измами луѓето со „театралност“, коментирајќи го притворот на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу.

„Немаме време да губиме на бесмислени дебати, ниту купишта пари за непромислено трошење“, рече Ердоган во говорот во Анкара, еден ден откако Имамоглу, неговиот главен политички ривал, беше приведен, објави Ројтерс.

Прашањата на Републиканската народна партија „не се прашања на земјата, туку прашања на неколку опортунисти во нивните штабови“, нагласи Ердоган.

Би можело да ве интересира

Судот ја поништи дипломата на Имамоглу, сериозен удар за неговите претседателски амбиции

Ататурк останува најпопуларен меѓу Турците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка