Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара спроведува повеќеслојни дипломатски напори „за повторно воспоставување на прекин на огнот и запирање на масакрите во Газа“.

„Никој од оние кои му даваат на светот лекции за човековите права и слободи сè уште не реагирал на грозоморното убиство на бебиња во лулки во Газа“, рече Ердоган во саботата во Истанбул.

Повеќе од 700 Палестинци се убиени и над 1.000 ранети во ненадејната воздушна кампања на Израел во Газа од вторникот, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари, објави ТРТ.

Од октомври 2023 година, во израелската воена офанзива на Газа загинаа речиси 50.000 Палестинци, главно жени и деца, додека повеќе од 112.000 се повредени, според турската телевизија.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ