Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека целта на меѓународната воена интервенција во Сирија треба да биде ставање крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад.
Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Барак Обама најави дека ја разгледува можноста за ограничена акција во Сирија, како одговор на минатонеделниот напад врз предградија на Дамаск со хемиско оружје.
– Тоа не може да биде интервенција од 24 часа. Важно е да се запре крвопролавањето во Сирија и да се ослабне режимот до таа мерка за да се повлече. Ако тоа би било како во Косово, тогаш сирискиот режим нема да може да продолжи, посочи Ердоган.
Претходно, шефот на турската дипломатија Ахмет Давиутоглу наведе дека разузнавачките податоци на Анкара покажуваат дека силите на Асад се одговорни за нападот со хемиско оружје.