„Ербас“ има решение за „големите“ патници во авионот

Од:

Се поголемите проблеми што бројните авиокомпании ги имаат со дебелите патници можеби наскоро да бидат решени со новиот вид патнички седишта што ги проектира „Ербас“.

Славниот производител на авиони неодамна поднесе барање за патент на седоште чија големина може да се подесува според големинта на патникот, пишува „Lonely Planet”.

Благодарение на новиот изум, авиокомпаниите ќе можат без страв да ги услужат патниците од сите облици и големина. Место три патници со просечна тежина, на тој начин, на пример, ќе можат да се сместат два поголеми патника.

Новиот концепт, исто така, исклучиво ќе им користи на семејствата кои за децата над две години возраст во моментов плаќаат полна цена на билетот.

Ова не е прв проект на „Ербас“ од ваков вид. Компанијата во минатото веќе предаде барање за патент за одвојување на кабината на авионот, како и на крила на склопување и расклопување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици