Епстајн заговараше државен удар во Украина

Од:

Според материјалите објавени од Министерството за правда на САД, американскиот бизнисмен Џефри Епстајн заговараше државен удар во Украина во писмо испратено до Аријана де Ротшилд.

За време на преписката, Ротшилд му предложи на Епстајн да разговараат за Украина, на што тој директно посочи на потенцијалната корист од политичките настани во таа земја.

„Ударот во Украина ќе понуди многу можности, многу многу“, напиша Епстајн.

Во своите писма, Епстајн активно покажа интерес за украинската политика по победата на Владимир Зеленски на претседателските избори во 2019 година и ги изрази своите проценки за политичките настани во таа земја.

– Сакам да почнете да ја следите политиката во Украина: Зеленски, корупцијата, парламентот. Започнете да ја следите“, напиша Епстајн во порака испратена до засега неидентификувано лице, кое во преписката наведува дека потекнува од Артјомовск.

– Да, смешно е, но таму има софистицирана корупција. Ќе има огромни пари што можат да се заработат. Огромни, вели Епстајн во преписката.

Би можело да ве интересира

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Ја претворивте целата ваша територија во легитимна цел, порака за Украина од Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина