Епидемиолошката состојба во Австралија се смирува, укинати строгите мерки

Од:

Епидемиолошката состојба во Австралија се смирува, властите во државата Јужна Австралија регистрираа само едно новозаразено лице и ги укинаа строгите ограничувачки мерки три дена пред закажаниот рок. Во другите австралиски држави нема повеќе нови случаи на Ковид-19 повеќе од една недела, но нема и нови смртни случаи кај пациенти со овој вирус.

Силни ограничувачки мерки беа воведени во Јужна Австралија на почетокот на неделава поради неточни информации за едно новозаразено лице и како последица на стравувањата од масовно ширење на инфекцијата. Иако вонредните мерки ќе бидат релаксирани, тие нема да бидат укинати во целост, особено не забраната за масовни собири.

– Сè уште не сме застанале на зелената гранка, предупреди јужно-австралискиот премиер Стивен Маршал.

Во соседната држава Викторија, која со месеци е епицентар на епидемијата во Австралија, 22 дена нема нови случаи на заразени, а истото важи и за државата Нов Јужен Велс. До денеска, има само 93 активни случаи на Ковид-19 во Австралија.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Скандалот во Австралија се шири: Повеќе од 800 луѓе добиле погрешни резултати од тест за корона