Зголемувањето на бројот на заболените и смртните случаи од инфекцијата со болеста МЕРС, кај нас позната и како Нилска Треска, како и извештаите за неколку случаи дека инфицирани корејанци патувале во други држави внесе загриженост во поголем број држави на Азија.
Весникот „Кореја Хералд“ денеска пренесе дека јужнокорејанското Министерство за надворешни работи ги интензивира контактите со странските дипломати во земјата, за да ги информира зе евентуалните можности за пренесување на вирусот МЕРС вон Јужна Кореја.
Најзагрижени се здравствените власти во Хонг Конг и Тајван, каде што во тамошните медиуми се известува за престој на инфицирани лица во нивните држави. Мерки за претпазливост воведоа и здравствените власти на Јапонија, каде што под лекарска контрола ќе бидат сите лица што патувале во Јужна Кореја. Мерки за претпазливост се преземаат и во неколку кинески провинции, од како беше откриено дека во нив претстојувале граѓани од Јужна Кореја.
Владата во Сеул побара и помош од Светската здравствена организација. Екипата на СЗО ќе ја предводи потпретседателот на Организацијата Кеиџи Фекуда, експерт кој би член на тимот што ги коодинираше акциите на СЗО и локалните власти во Хонг Конг пред 12 години. Од вирусот САРС, само во Хонг Кнг тогаш беа регистрирани 300 смртнислучаи.
Респираторниот синдром МЕРС, во Јужна Кореја е пренесен од Саудиска Арабија, која е најмногу погодена од овој вирус. Според Светската здравствена организација, од 426 до сега регистрирани смртни случаи од МЕРС инфекцијата, 406 се од Саудиска Арабија, од каде во почетокот на мај годинава допатувал првиот заразен Корејанец.
Домашната, но и меѓународната јавност и забележуваат на Јужна Кореја поради ненавременото преземање на мерки за заштита по откривањето на првиот случај на инфекција со вирусот што доаѓа од Саудиска Арабија. Се критикува и ненавремената информираност на јавноста, а се смета дека и карантинските мерки, воведени минатата недела не биле прогласени на време.