Епидемија на морбили во Романија, 13 мртви

Од:

Над 2.000 случаи на мали сипаници (морбили) се потврдени во Романија од избувнувањето на епидемијата, а од болеста веќе починале 13 лица, јави Медиафакс, повикувајќи се на Националниот центар за набљудување и контрола на заразни болести.

Петмина од починатите се од западниот округот Арад, тројца се од соседниот округ Тимиш, како и три лица од јужниот округот Долж. Еден смртен случај е регистриран во западниот округот Караш-Северин и еден во главниот град Букурешт.

Во процес на анализирање е 14-ти смртен случај на осуммесечното бебе од округот Тимиш.

Од потврдените над 2000 случаи на мали сипаници, најмногу, 509, се регистрирани во округот Арад.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија