Европскиот парламент започна постапка против Полска за загрозување на независноста на судството и за кршење на основните европски вредности.
За резолуцијата гласаа 438 европратеници, 152 беа против, а 71 воздржани. Со тоа се започна првата фаза од т.н. постапка за владеење на правото против Полска, што може да доведе до суспензија на гласачкото право на Полска во ЕУ.
Комитетот за граѓански слободи во ЕП сега ќе состави законски предлог за да се побара механизмот, познат како член седум, да се активира поради постоење ризици за сериозно кршење на вредностите на ЕУ.
Според премиерката на Полска, Беата Шилдо оваа одлука, на која што претходеше бурна расправа е скандалозна.