ЕП настојува да се вратат визите за државјаните на САД

Од:

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која ја повикува Европската комисија да препорача враќање на визите за државјаните на САД.

Комисијата во рок од два месеци треба да подготви препорака. Потоа препораката може да биде прифатена или отфрлена од Советот на Европската унија и од европратениците.

Ако одлуката ги помине успешно сите процедури, визите за државјаните на САД ќе бидат вратени во рок од една година.

Според Европската комисија тоа би довело до загуби за ЕУ од речиси седум милијарди евра и привремена загуба на 140 илјади работни места.

Резулуцијата на Евопскиот парламент е предизвикана од тоа што САД се уште бараат визи од државјаните на Кипар, Хрватска, Полска, Романија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев