ЕП ја повика Русија да ги ослободи сите незаконски притворени Украинци

Од:

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се повикуваат руските власти безусловно да ги ослободат сите незаконски и произволно притворени украински граѓани, соопшти прес-службата.

Тоа ги вклучува и кримските татари, приведените мирни демонстранти на Црвениот плоштад на 10 јули оваа година, украинските граѓани приведени врз основа на политички обвиненија, како и 24-та членови на екипажот на украинските воени бродови, приведени крај Керченскиот теснец на 25 ноември минатата година.

ЕП повика руските власти веднаш да ги прекинат сите дејства на малтретирање над сите бранители на животната средина, вклучувајќи ја и Александра Каролева, како и над борците за човекови права во земјата, и да им дозволат да ја вршат својата легитимна работа без мешање.

– Европскиот парламент ги повикува руските власти да го повлечат т.н. закон за „странски агенти“ и целосно да ги имплементираат сите препораки на Венецијанската комисија при Советот на Европа во согласност со своите меѓународни обврски. Текстот беше усвоен со 458 гласови за, 80 против и 89 воздржани, истакнува прес-службата на ЕП.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала