ЕП бара итен фонд за помош на медиумите по кризата со Ковид-19

Од:

Одборот за култура и образование на Европскиот парламент ја истакна потребата да се поддржат медиумите за да ги надминат последиците од кризата со Ковид-19.

Претставници на Европскиот парламент наведуваат дека за време на пандемијата, медиумите и новинарскиот сектор се клучни за навремена и точна информација за јавноста, но исто така се соочуваат со големи загуби, првенствено поради падот на продажбата на рекламниот простор за дури 80 проценти.

– Тие се нашата одбрана од лажните вести и дезинформации. Во исто време, тие се сериозно погодени од падот на приходите од реклами и од фактот дека нивната иднина е неизвесна, предупредуваат европратениците.

Членовите на Одборот за култура и образование побараа од Европската комисија да обезбеди средства од фондовите наменети за обнова на економијата по пандемијата, за медиумите, како и за културните институции, уметниците и добротворните организации.

Би можело да ве интересира

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија

Објавени првите проекции од резултатите на европските избори

A1on