Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Од:

Украина со беспилотни летала нападна енергетски објект во Казан, Русија. По нападот избувнал голем пожар.

Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „цистерна со гас се запали по напад со дрон“, соопшти локалната власт преку Телеграм.

Во соопштението се вели дека нема повредени и дека претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов, дошол да го посети местото на пожарот.

Локалните медиуми објавија снимка од голем пожар во складиште за течен гас во близина на хемиска фабрика.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари