Ен-Би-Си: Можни воздушни напади на САД врз ИД на Филипините

Од:

Пентагон разгледува план со кој на американската армија би и се дало „зелено светло“ да изврши воздушни напади врз позиции на ИД на Филипини, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на двајца неименувани извори од Министерството за одбрана.

Планот би можел да биде претставен денеска. Нападите би се извршувале најверојатно, со беспилотни летала.

Ако планот биде одобрен, американската армија ќе може на Филипини да напаѓа позиции на ИД што се закана за сојузници на САД во регионот.

Портпарол на Пентагон изјави дека армијата на САД со години разменува разузнавачки податоци со Филипини.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија