Холандскиот премиер Марк Руте на емотивна прес – конференција кажа дека цела Холандија е шокирана од трагедијата.
„Холандија нема да се смири додека одговорните за уривањето на малезискиот авион не се соочат со правдата. Најверојатно Боингот 777 е соборен, но тоа не може да се тврди додека не се стават на маса сите факти. Без доволно докази не може да се поткрепат никакви тврдења, се додека нема резултат од независна меѓународна истрага. Тимот форензичари и истражители вечерва заедно со министерот за надворешни работи Тимерманс заминува во Киев. Зборував со многу светски лидери вклучително и со Путин кој ме увери дека Русија сака целосна, независна, меѓународна истрага.
Ова е првиот чекор, а следно што е важно е да се обезбеди сигурен пристап до местото на несреќата, вклучително и безбеден премин за истражните тимови. Шпекулациите кој е виновен може само да ги наруши напорите за водење соодветна истрага“, рече премиерот Марк Руте.