Емисиите на опасни честички кои го загадуваат воздухот се во опаѓање во Европа

Од:

Емисиите на опасни честички кои го загадуваат воздухот се во опаѓање во Европа, но 88 отсто од жителите на градовите и понатаму се изложени на ниво кое ги надминува стандардите на ОН, соопшти денеска Европската агенција за животна средина.

Честичките со ознака РМ10, чиј пречник е помал од десет микрони може да се задржат во воздушни бранови и да предизвикаат респираторни проблеми.

Уште поопасни се честички со дијаметар под 2,5 микрони кои со вдишување продираат длабоко во белите дробови, по што може да влезат во крвотокот.

Агенцијата со седиште во Копенхаген соопшти дека емисијата на РМ10 се намалила за 14 отсто во ЕУ од 2002 до 2011 година, а РМ2,4 за 16 отсто. Меѓутоа, 33 отсто жители на урбани подрачја во ЕУ живеат во места во кои е надминат европскиот стандард на максимално изложување на тие честички во период од 24 часа.

Тој процент раст на 88 отсто жители во градовите ако се применат поостри необврзувачки препораки за РМ10 од СЗО.

 

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина