Емануел Макрон: Мерките на ограничувања ќе траат до 11 мај

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до Французите соопшти дека ограничувањата, кои стапија на сила на 17 март, ќе траат до понеделник 11 мај, под услов да се почитуваат истите.

Во своето четврто обраќање, од почетокот на епидемијата, шефот на француската државата започна со овие зборови:

-Живееме во тешки денови. Благодарение на нашите напори, напредуваме секој ден. Нашиот здравствен персонал, нашите војници, нашите пожарникари, нашите фармацевти издржаа. Француските болници успеаја да ги лекуваат сите.

Потоа тој им честиташе на сите што се „на фронтот“ против вирусот: здравствени работници, државни службеници, војници, пожарникари и фармацевти.

Уверувајќи дека ситуацијата е сè уште многу затегната во регионот Гранд Ест и во Ил-де-Франс, претседателот посочи дека „епидемијата сè уште не е под контрола“.

-Ова е причината зошто најстрогото ограничување мора да продолжи до понеделник, 11 мај. Ова е услов за дополнително забавување на напредокот на вирусот , нагласи Макрон.

Според него, 11 мај ќе биде почеток на нова етапа и нова организација, целта е да се заштити здравјето на сите Французи, најавувајќи дека училиштата, градинките етапно ќе се отворат.

Сепак, тој сакаше да биде претпазлив за овој датум:

-Понеделник, 11 мај, ќе биде можно само ако продолжиме да бидеме одговорни и ако ширењето на вирусот всушност продолжи да се забавува.

Правилата за задржување нема да бидат променети во овој момент, но тие мора да бидат „целосно имплементирани“, рече тој. Тој исто така увери дека овие правила мора да бидат исти на целата територија.

Францускиот претседател најави дека помошта за поединците и претпријатијата ќе продолжи и понатаму.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт