Елитните ирачки сили се соочија денеска интензивна борба со џихадистите во источен Мосул, додека се обидувале да ги утврдат позициите пред да напредуваат понатаму во градот, соопшти командантот на Единицата за борба против тероризмот (ЦТС) Мунтатар Салем.
Ирачките сили спроведуваат силна операција за да го вратат Мосул, кој е во рацете на т.н. Исламска држава, а ЦТС успеа да врати некои делови на Мосул.
– Борбата е напната уште од изутринава. Се обидуваме да ја утврдиме нашата позиција во Арбајијаху, пред да продолжиме со нападот во Ал Бакр, истакна Салем.