Еквадор се двоуми за Асанж

Од:

Амбасадорката на Еквадор во Лондон, Ана Албан е повикана дома на консултации, откако основачот на Викеликс, Џулијан Асанж овде најде привремено прибежиште од вторникот.

Џулијан побара азил од официјален Кито за да ја избегне екстрадиција во Шведска, каде што е обвинет за силување, но му се заканува и понатамошен трансфер во САД каде што му виси на конец обвинението за шпионажа.

„Го повикавме нашиот амбасадор бидејќи овој случај бара многу сериозен пристап и големо внимание. Имаме намера да и пристапиме на ситуацијата одговорно и нема да дозволиме било кој да изврши притисок врз нас“, изјави Рафаел Кореја, претседателот на Еквадор.

На 19. јуни, Асанж се појави во амбасадата на Еквадор барајќи политички азил и притоа ги прекрши британските закони за домашен притвор.

Доколку Еквадор не му излезе во пресрет, можноста да ја добие смртната казна во САД е повеќе од реална.

Тој е упорен во тврдењето дека барањето од Шветска за силување е политички мотивирано. Тоа обвинение е само чекор поблиску до неговата екстрадиција во САД.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска