Еквадор го префрлува Асанж во Шведска?

Од:

Официјалните лица во Еквадор ја разгледуваат можноста од Британија да побараат одобрување за да го префрлат Џулијан Асанж во нивната амбасада во Шведска.

На тој начин Асанж би одговарал по обвинувањата за сексуален напад.

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патино изјави дека постојат неколку варијанти за да се реши положбата на Асанж.

„Можно е изјава од Асанж да биде земена во нашата амбасада во Лондон или Еквадор да добие одобрение да го префрли, доколку е потребно, во амбасадата во Шведска. Така случајот би можел да биде продолжен таму под заштита на Еквадор и со тоа би се исполниле барањата на шведското судство“, изјави Патино.

Основачот на Викиликс се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон од 19-ти јуни во настојувањето да избегне екстрадиција во Шведска.

Тој тврди дека случајот во Шведска е само дел од заверата да му се суди во САД поради неговата работа во Викиликс.

Шведска и Вашингтон тоа го демантираат.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска