Лидерот на екстремистичката јорданска салафистичка група Мухамед ал Чалаби изјави дека се радува поради експлозијата од бомби и дека е среќен што гледа страдање во Америка.
-Aмериканската крв не е поскапа од муслиманската –нагласи Чалаби, кој беше обвинет поради заговор од Ал Каеда за напад на американски и други западни дипломатски мисии во Јордан 2003 година.
-Американците нека ја почувствуваат болката која ние ја почувствувавме додека нивните војски ги окупираа Авганистан и Ирак и убиваа наш народ – додаде тој.
Мерките за безбедност се зголемени околу американската амбасада во Аман.
Елена Георгиевска