„Експрес“: Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус е нов лидер на „Вагнер“

Од:

За нов лидер на руската паравоена формација Вагнер е избран командантот Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус.

Како што пренесува британски Експрес, новиот газда на Вагнер учествувал во некои од најжестоките битки во војната во Украина и одиграл водечка улога во освојувањето на градот Соледар во источна Украина.

Експрес наведува дека во рамките на групата Вагнер Јелизаров е познат како „освојувачот на Соледар“, што е прекар што наводно му го дал самиот Пригожин.

Британскиот весник наведува и дека бил близок со Пригожин, кој неодамна загина во авионска несреќа во близина на Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија