Во Кабул денеска експлодираше бомба во дел од градот каде се странски дипломатски претставништва, ден пред инаугурацијата на новиот претседател Ашраф Гани.
Полицијата соопшти дека во експлозијата на бомба прикачена за воено возило ранет е еден човек.
Во Кабул е засилена безбедноста пред инаугурацијата на Гани, победник на претседателските избори.
Авганистанската Изборна комисија го прогласи за претседател пред седум дена и тоа соопштение следуваше неколку часа откако двајцата претседателски кандидати Гани и Абдула Абдула потпишаа договор за формирање влада на национално единство со што беше завршена постизборната криза во државата.