Две лица загинаа и шест се ранети во експлозија на бомба во близина на изборен митинг на северозапад во Пакистан.
Бомбата експлодирала во местото Бану каде поранешниот пратеник Аднан Вазир член на Националната партија Авами предводел конвој од десетина возила кои се упатиле на митинг.
– Бомба активирана со далечински управувач експлодирала во близина на конвој и оштетила неколку возила. Две лица починаа во болница од раните со кои се здобиле во инцидентот, изјави полициски претставник. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот извршен во племенска област во близина на границата со Авганистан каде се засолнуваат талибански и други екстремисти.