Експлозија во Багдад, цел бил австралиски дипломат

Од:

Мала импровизирана експлозивна направа денеска е активирана во близина на „Зелената зона“ во Багдад додека австралиски дипломатски конвој влегувал во областа, изјавија двајца ирачки безбедносни претставници.

Нема извештаи за повредени, а австралискиот конвој успеал да влезе во „Зелената зона“, силно обезбеден дел од Багдад каде се наоѓаат државни служби и амбасади.

Дипломатската мисија на Австралија во Багдад посредува меѓу влијателниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр и ривалската фракција на шиитските партии поддржани од Иран, со цел да се стави крај на една од најтешките политички кризи во Ирак во последните години.

Техничкиот премиер Мустафа Ал Кадими не успеа да ги доведе завојуваните групи до спогодба. Партијата на Ал Садр одби да учествува на минатонеделниот состанок свикан од Ал Кадими.

Следбениците на Ал Садр и неговата ривалска коалиција на шиитските групи, Координативната рамка, се во несогласување од минатогодишните парламентарни избори.

Партијата на Ал Садр освои најмногу гласови на изборите во октомври, но не успеа да формира мнозинска влада, поради што Ирак се наоѓа во една од најтешките политички кризи во последните години, потсетува Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак