Група напаѓачи, за кои постои сомневање дека се талибанци, денеска предизвика експлозии во четири училишта за момчиња во племенската област во северозападниот дел на Пакистан, на границата со Авганистан.
Полицијата соопшти дека во инцидентите во областа Мохманд никој не е повреден.
– Бунтовниците од ТТМ (Tehreek-e-Taliban-Mohmand), талибанско движење од областа Мохманд предизвикаа експлозии во четири училишта околу три часот по локално време. Четирите училишта се целосно уништени, изјави неименуван претставник на разузнавачката служба.
Бунтовниците кои се против секуларното образовани во последните неколку години имаат нападнато повеќе стотина училишта во северозападниот дел на Пакистан, пред се институциите за девојчиња.