Најмалку едно лица загина, а 15 се повредени во експлозии на две бомби во Дамаск, ден по бомбашкиот напад во Сиријската престолнина, во кој животот го изгубија 13 лица.
Во експлозијата на бомбата близу до полициската станица на главниот пат Халед бин ал Валид загина едно лица, а втората бомба експлодираше на плоштадот Баб ал Мусала.
Насилството во Сирија не стивнува, а според податоците на ОН од почетокот на бунтот против власта на претседателот Башар ал Асад во март 2011 година загина повеќе од 70.000 лица.
Елена Георгиевска