Експлодира граната во куќа во Индијана, таткото убиен, децата повредени

Од:

Татко е убиен, а неговите двe deca се повредени откако во саботата во нивниот дом во Индијана (САД) експлодира граната, соопшти полицијата.

Брајан Нидерт (47) почина во својот дом, јави Си-Би-Ес. Неговите две деца, девојче (18) и синот (14) се пренесени во блиската болница со повреди од шрапнели, додаваат медиумите.

Децата пребарувале низ работите на дедото кога пронашле рачна бомба. Засега се знае само дека некој наводно ја повлекол сигурносната игла од гранатата.

Подоцна полицијата додаде дека истражува дали уредот можеби сам се активирал поради старост или други фактори, дали иглата била извадена или експлозијата се случила поради други околности.

Одредот за бомби беше повикан да ја надгледува областа, а детективите за убиства сè уште истражуваат, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска