Експерти: Имаме докази дека ракета го урнала МХ-17

Од:

Независен форензички тим има докази за тоа како е урнат малезискиот авион на летот МН-17, односно тие тврдат дека е соборен со ракета од системот БУК, пишува холандски „РТЛ њуз“.

Според наводите материјалот кој што е соберен на местото на несреќата во Украина содржи не само остатоци од авионот, тукуи делови од оружје и муниција, а анализата на хемискиот состав покажала дека постојат остатоци од ракета од БУК системот, меѓу кои и експлозив.

Освен тоа анализата покажала и дека на деловите од оружјето има руски букви. Како што се наведува до тој материјал минатиот ноември , неколку месеци по несреќата дошол дописникот Џероен Акерман.

Меѓународните експерти ги подржуваат заклучоците од оваа форензичка истрага. Експерти од Лондон сметаат дека тоа се први докази и дека фрагментите потекнуваат од ракетите БУК-9М 317, современа верзија на системот БУК 1-2.

БУК системот датира од советскиот арсенал, редовно се ажурира и е дел од ракетниот арсенал на Русија, Украина, Грузија и Финска.

Ракетата е дизајнирана да собори авион од земја, а својата цел ја пронаоѓа со помош на радар во главата на проектилот. Инаку делови од ракетите остануваат во авионите.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите