Експерт во ОН: САД во центри за мигранти држат притворени повеќе од 100 илјади деца

Од:

Независен експерт кој работи со канцеларијата на ОН за човекови права проценува дека има повеќе од 100.000 деца во центрите за притвор за мигрантите во САД.

Адвокатот за човекови права, Манфред Новак, рече дека САД ги држат „далеку повеќе“ деца од другите земји за кои има податоци.

Околу 60 на 100.000 деца во САД се лишени од слобода, наспроти просекот во Западна Европа, каде што тој број е околу пет.

Новак додаде дека податоците за САД од глобалната студија на ОН за деца лишени од слобода ќе бидат објавени утре.

Тие собраа податоци од статистика од државни и застапнички групи.

Владата на САД не одговори на прашалник од неговиот тим.

САД се единствената земја што не ја ратификувале Конвенцијата за правата на детето.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро