Ексхумирани посмртните останки на Јасер Арафат

Од:

Посмртните останки на покојниот палестински лидер Јасер Арафат во мавзолејот во Рамала беа ексхумирани со цел да се утврдат причините за неговата смрт во 2004 година, јавија неименувани палестински службеници.

Во ексхумацијата учествуваат експерти од Швајцарија, Франција, Русија и палестинските територии. Испитувањето на посмртните останки ќе продолжи неколку месеци и првичните резултати се очекуваат дури во март-арпил идната година, изјави портпаролот на универзитетската болница во Лозана, Швајцарија.

Претходно годинава беа откриени траги од смртоносно радиоактивна материја на алишта, за кои се тврди дека биле на Арафат, што доведе до започнување на нова истрага за неговата смрт.

Палестинскиот лидер почина во ноември 2004 година во француска болница, еден месец откако ненадејно се разболе. Тогаш не беше извршена аутопсија на телото по барање на вдовицата на Арафат.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации