Економска конференција за Балканот кон крајот на месецов во Берлин

Од:

На иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, кон крајот на август во Берлин ќе биде организирана економска конференција со цел германското Министерство за економија и енергетика да се информира за економските потенцијали и можностите на Балканот.

Собирот ќе биде насловен „Економска конференција за Западен Балкан“, а негово главно мото ќе биде „Преку трговија, инвестиции и регионална соработка, до нова динамика“.

Регионот во иднина ќе понуди големи шанси – земјите од Западен Балкан не ги преземаат само високите европски стандарди, туку и од геополитички аспект имаат централна улога во европските енергетски и сообраќајни проекти, се наведува во соопштението на Министерство за економија и енергетика на Германија.

Конференцијата ќе се одржи на 28 август и на неа ќе учествуваат министри за економија и политички претставници на земјите од Балканот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани