Еколошки организации ќе поднесат жалба пред ЕК поради загадување на воздухот во Полска

Од:

Четири организации за заштита на животната средина денеска соопштија дека ќе испратат жалба до Европска комисија, во која ја обвинуваат Полска за кршење на правните норми за контрола за загадување на воздухот.

Полска и Бугарија се двете најзагадени земји-членки на Европска унија. Во многу реони на Полска зимава регистрирано е кризно ниво на смог. Како причина за загадувањето на воздухот се наведува затоплувањето на домовите со несоодветни огревни материјали, а понекогаш се користи и пластика и други отпадоци.

Според активистите, централната и локалната власт во Полска “само си ја префрлаат топката“, во моменти, кога според нивните сознанија, во земјата од загаден воздух умираат околу 40.000 луѓе годишно.

Организациите „Клајнт арт“, „Гринпис“ „ Д сити из аурс“ и „Акција демократија“ ги најавија своите планови на прес-конференција во Варшава. Тие следната недела ќе собираат потписи, а на 17 февруари ќе поднесат жалба пред ЕК.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата