Европската комисија денеска соопшти дека граничните контроли кои некои земји од Шенген зоната ги воведоа минатата година со цел да го спречат приливот на мигранти, и понатаму се оправдани, иако бројот на бегалците е намален.
Сепак, тоа не значи дека петте држави – Германија, Шведска, Норваешка, Данска и Австрија, ќе можат автоматски да ги продолжат своите вонредни гранични контроли во Шенген зоната штом ќе истече одлуката на 12 ноември.
ЕК соопшти дека вкупно 5.651 лице се префрлени од Италија и Грција во други земји според планот за релокација.
Комисијата нагласи и дека граничните контроли „остануваат во услови“ на договореното за нивна имплементација и оти нема потреба за нивни промени.