ЕК утре ќе воведе казни на земјите што не ги регистрираат странците при влез во земјата

Од:

Европската комисија утре ќе отвори кривични постапки против државите од ЕУ, кои не ги регистрираат странците, што влегуваат во нивните земји, соопшти портпаролот на ЕК, Наташа Берто.

Таа нагласи дека според заедничкото законодавство секој граѓанин на држава што не е членка на ЕУ треба да биде регистриран и да му бидат земени отпечатоци од прсти при влез во Унијата.

Портпаролката не кажа кои се државите, што ќе бидат казнети, но додаде дека тие веќе биле известени.

Бројот на регистрирани мигранти не е во согласност со бројот на лица што влегле во ЕУ, нагласи Берто.

– ЕК е длабоко загрижена од состојбата на границите, истакна вториот портпарол на Комисијата Маргаритис Скинас.

Според Скинас, унгарскиот премиер Виктор Орбан е клучен играч во изнаоѓање на решение за бегалската криза, додавајќи дека ЕК предлага мерки, што вклучуваат порешително враќање на мигрантите што нема да добијат статус на бегалци, зголемување на безбедноста на надворешните граници, како и казнување на државите кои одбиваат да учествуваат во квтотите за распределба на бегалците.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа