ЕК со повик за прекинување на притисок и насилства врз новинари

Од:

Европската комисија упати денска силен повик да се запре со заплашување, притисоци и насилства врз новинарите во целиот свет. Повикот е упатен по повод Меѓународниот ден на борба против неказнување злосторства над новинари што се одбележува на 2 ноември.

– Постојаното заплашување, притисокот и насилството над новинари што се случува во светот, мора да престане, се вели во заедничка изјава на ЕК.

Во изјавата се истакнува дека слободата на медиумите и медиумскиот плурализам се од клучна важност за слободно, плуралистичко и отворено општество и оти нападите врз новинари се напади врз демократијата.

– Ги повикуваме сите држави медиумски фирми, медиумски професионалци и сите заинтересирани страни да ги здружат напорите за да се запре со злосторства врз новинари, се вели во соопштението.

Се истакнува и дека за ЕК безбедноста на новинарите, блогерите и медиумските актери е прашање од највисок приоритет. Потписиницте повикуваат сите држави да спроведат резолуција на ОН за безбедност на новинарите, усвоена неодамна.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ