ЕК со акциски план за поддршка на Грција за кризата на границата со Турција

Од:

Европската Комисија соопшти дека на земјите членки ќе им предложи акциски план за поддршка на Грција во справувањето со кризата која се одвива на нејзината граница со Турција, јави дописничката на МИА.

Ова најава доаѓа еден ден по посетата на претседателите на ЕУ институциите во Грција и Бугарија, кои се соочуваат со нереди на нивните граници откако Турција одлучи дека нема повеќе да ги задржува бегалците на своја територија и покрај договорот со ЕУ.

-Во овие вонредни прилики наш прв приоритет е да обезбедиме ред на нашите надворешни граници, оваа тешка задача не може да и припадне на Грција сама, ова е одговорност на цела ЕУ, изјави потпретседателот задолжен за промоција на европскиот начин на живеење, Маргаритис Схинас.

Акцискиот план предвидува, меѓу другото, старт на две гранични интервенциски операции од страна на Фронтекс и координирање на програм за враќање на лицата кои немаат право на престој во Грција.

Земјите членки би требало да одвојат 700 милиони евра помош за Грција, од кои 350 се наменети за поддршка на управувањето со границата.

„Итни мерки“ треба да се преземат и за Бугарија и Кипар од каде би можеле да поминат бегалците.

-Нашиот фокус е да се осигуриме дека оваа краткорочна политичка криза нема да се претвори во долгорочна хуманитарна криза. Треба да ги почитуваме нашите вредности и да воведеме структурни решенија за долгорочните проблеми, сакам повторно да ги повикам земјите членки да покажат солидарност со Грција исто така во изнаоѓањето решение за малолетниците без придружба кои се наоѓаат на островите, изјави Илва Јохансон, еврокомесарка за внатрешни работи.

Овие мерки ќе им бидат презентирани на министрите за внатрешни работи на ЕУ кои денеска одржуваат вонреден состанок во Брисел.

Планот предвидува и интензивна соработка со земјите од западниот Балкан „за да не се повторат“ сцените од 2015 година.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро