ЕК предупредува за можно присуство на Ешерихија коли во романско овчо сирење

Од:

Европската комисија издаде предупредување за можно присуство на бактеријата Ешерихија коли во овчо сирење, кое е произведено во Романија, откако Италија сигнализира за заболување на романско дете, кое е хоспитализирано во Фиренца.

Во предупредувањето, кое е издадено преку системот на ЕК за безбедност на храната, се наведува дека овој производ од Романија може да претставува „сериозна опасност“ за заболување.
ЕК ги предупредува сите земји членки на ЕУ да извршат анализа на ова сирење во дистрибутерските мрежи. Според податоци на Комисијата, романското овчо сирење главно се продава во Романија, Италија, Германија и Франција.

Цревната инфекција, од која страда 14-месечното романското дете, кое било пренесено во болница во Фиренца, е предизвикана од конзумација на романското сирење, потврдија синоќа специјализирани лаборатории во Италија.

Извршените анализи на романската санитарно-ветеринарна служба потврдиле присуство на бактеријата Ешерихија коли во некои млечни производи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година