ЕК предложи создавање европски фонд за одбрана

Од:

Европската комисија предложи денеска создавање европски фонд за одбрана. Предлогот се однесува и на други активности за помош за поефективно користење на средствата, издвојувани од државите од Европската унија за заеднички одбранбени способности.

– ЕК повика за инвестиции во заедничка изработка на одбранбени технологии и опрема од стратешко значење. Тоа ги вклучува копнените, воздушните, поморските и вселенските способности, како и кибербезбедноста. Доколку Европа не се погрижи за сопствената безбедност, никој нема да го стори тоа наместо неа, изјави во врска со предлогот, претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Комисијата предлага новиот европски фонд да ги помага инвестициите во заедничките истражувања и разработката на одбранбена техника и технологија.

Фондот ќе го опфати и планот „Научно истражување“ за финансирање на заеднички проекти во областа на новите одбранбени технологии (електроника, метаматериали, криптиран софтвер или роботи).

Комисијата предложи 25 милиони евра за истражувања во областа на одбраната во буџетот на ЕУ за следната година и очекува доставените средства да достигнат вкупно 90 милиони евра до 2020 година.

По 2020 година ЕК планира да предложи адаптирана програма за научни истражувања во областа на одбраната со буџет од околу 500 милиони евра годишно.

Предлогот на ЕК предвидува државите од ЕУ да купуваат одредени системи заедно, за да ги намалат одбранбените трошоци. Државите заедно можат да купуваат дронови или хеликоптери на големо за да добијат пониска цена. Предвидено е буџетот во таа насока да биде околу пет милијарди евра годишно.

Предлогот ќе биде разгледан на седницата на Европскиот совет на 15 и 16 декември.

Јункер нагласи дека Европа не може повеќе да си дозволи да ја користи воената моќ на другите или „да ја остави Франција сама да ја заштитува честа на Мали“.

За да имаме силна европска одбрана, европската одбранбена индустрија треба да се стреми кон иновации, додаде тој.

ЕК нагласи дека изминатите децении државите од ЕУ ги намалиле трошоците за одбраната за околу 12 отсто.

Според пресметките на ЕК недостигот од соработка меѓу земјите од ЕУ во областа на одбраната и безбедоста чини меѓу 25 милијарди и сто милијарди евра годишно.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска