Европската комисија предложи денеска на Советот на ЕУ вонредните гранични контроли воведени од Германија, Австрија, Шведска, Данска и Норвешка, да бидат продолжени за рок од шест месеци.
Комисијата наведува дека има голем напредок во контрола по границите на Грција, како и со склучувањето на договорот за миграција со Турција.
И покрај тоа ЕК настојува тој напредок да ја докаже трајноста, како и во меѓувреме да бидат надминати проблемите со своеволните патувања во ЕУ на мигрантите, дозволени само од дадена страна на Унијата.
Во соопштението комисијата истакнува дека ја задржува намерата границите во Шенген да бидат укинати до крај на годината.