ЕК: Поддршка на квалитетното новинарство во борбата против лажните вести

Од:

Во согласност со предлог на Европската комисија, до крајот на јули би требало да биде подготвен и на онлајн платформите и социјалните мрежи да им биде претставен Кодекс за пракса за борба против дезинформациите, како начин за борба против лажните вести и манипулации со информациите.

Комисијата во исто време ги повика државите членки на ЕУ да ја зголемат поддршката на квалитетното новинарство, за да обезбедат плуралистичко, разновидно и одржливо медиумско опкружување.

Дезинформацијата инаку се дефинира како „проверливо лажна информација, која е создадена, претставена и проширена поради економски профит или со цел јавноста намерно да се излаже, и може да и наштети на јавноста“.

Европската комисија истакнува дека платформите и социјалните медиуми мора „одлучно да ги зголемат своите напори“ за да ги затворат лажните профили и да го ограничат целното политичко огласување.

Комисијата предупредува дека ако не се нарпави тоа, ќе примени регулаторни мерки.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска