Европската комисија побара од автомобилската индустрија за десет години да ја намали за третина емисијата на штетни гасови од автомобилите и ги претстави своите предлози за намалување на емисијата на јаглерод диоксид во сообраќајот.
ЕК бара да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 30 отсто до 2030 година.
Новите рестрикции се дел од мерките кои ЕК ги претстави во пакетот „Чиста мобилност“ кој има за цел да одговори на обврските на ЕУ согласно Парискиот договор за климата и да го поттике користењето на возила на чиста енергија.
Предлозите на Комисијата треба да бидат разгледани од земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, пред да бидат усвоени.