ЕК отфрли граѓанско барање за прекин на трговија со израелските колонии

Од:

Европската Комисија ја отфрли граѓанската иницијатива со која се бара од Европската Унија да и стави крај на трговијата со израелските колонии во палестински територии, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија процени дека оваа иницијатива е надвор од надлежностите на европската извршна власт, согласно повелбите на ЕУ.

Организаторите на оваа иницијатива бараа од Европската Комисија „формално да признае дека тргувањето со израелските колонии е забрането и за Европската Унија и за земјите членки“.

Европската Комисија отфрлањето го образложи со фактот дека за да може да се усвои правен акт за ова прашање во рамките на Советот, предлог кој се однесува на прекин или намалување на економските односи со трета земја е надлежност на Европската служба за надворешни работи, а не од Европската Комисија, така што таков предлог би морал да дојде од Службата за надворешни работи.

Граѓанската иницијатива е отфрлена поради тоа што не ги исполнува критериумите, но ЕУ потсетува дека нејзиниот став за израелските колонии останува ист: колониите се нелегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот.

-ЕУ повторува дека строго се противи на политиката на колонизација на Израел, соопшти Европската Комисија по отфрлањето на граѓанското барање.

Од 2012-та година, граѓаните на Европската Унија имаат можност да поднесат граѓански иницијативи до Европската Комисија за да побараат таа да изготви законодавство во рамките на нејзините надлежности. Европската граѓанска иницијатива треба да собере еден милион потписи од европски граѓани кои доаѓаат од најмалку една четвртина од земјите членки на ЕУ. Европската Комисија ги прифаќа само иницијативи за кои е надлежна да поднесе предлог-закони согласни европските повелби.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски