ЕК одобри 68 милиони евра помош за Судан и за Јужен Судан

Од:

Европската комисија одобри 68 милиони евра хуманитарна помош за ранливите заедници во Судан и во Јужен Судан. Сфредствата се наменети за милионите бегалци кои преминуваат во Судан поради конфликтот во Јужен Судан, јави дописничката на МИА од Брисел.

– ЕУ ја зголемува поддршката затоа што многу луѓе во Судан и во Јужен Судан се соочуваат со масовни хуманитарни потреби. Нашата помош ќе обезбеди храна, здравствена грижа и ќе им овозможни на нашите партнери да продолжат да спасуваат животи на терен, изјави Христос Стилијанидес, еврокомесарот за хуманитарна помош.

За внатрешно раселените лица во Јужен Судан наменети се 45 милиони евра, а 23 милиони се за бегалците во Судан.

Околу 70 проценти од населението во Јужен Судан се жртви на екстремно насилство и имаат потреба од хуманитарна помош. Во Судан има приближно еден милион бегалци, повеќето од соседен Јужен Судан.

Од 2011 ЕУ има обезбено 450 милиони евра помош за Судан и 412 милиони за Јужен Судан.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on