ЕК: Од 2020 влез во ЕУ ќе се плаќа 5 евра со задолжително пријавување

Од:

Европската комисија денеска и официјално предложи воведување Европски систем за информации за патување и авторизација (ЕТИАС), со кој во иднина, македонските граѓани, но и државјаните на сите земји што имаат безвизен режим кон Европската унија, ќе мора да пополнуваат пријави каде и зошто патуваат во некоја од земјите-членки на Унијата, за што ќе мораат и да платат по пет евра. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, откако Европскиот совет и Европскиот парламент, како колегислатори, ќе го усвојат овој систем, тој би требало да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.
 
Безбедноста на Европа е постојана тема од почетокот на мандатот на Комисијата на Жан-Клод Јункер. Во својот неодамнешен говор, Јункер најави дека до ноември, ЕК ќе предложи Европски систем за информации за патување и авторизација (ЕТИАС). Се работи за автоматизиран систем кој ќе утврди кому ќе му биде дозволено да патува во ЕУ. Предлогот на Европската комисија да се воспостави овој систем е првата испорака на акциските приоритети што се идентификувани во патоказот од Братислава.
 
Според неформалната Влада на Уијата, ЕТИАС ќе биде автоматизиран систем создаден за да се идентификуваат сите ризици поврзани со посетителите на ЕУ што патуваат без визи во шенген-зоната. Сите државјани од трети земји, меѓу кои и македонските, што патуваат без визи, а планираат да патуваат во Шенген-зоната во иднина ќе мора да аплицираат за дозвола за патување низ системот ЕТИАС пред нивното патување. Информациите собрани преку системот, со целосно почитување на основните права и заштита на податоците, ќе овозможат однапред проверка на потенцијалните безбедносни ризици или нерегуларна миграција во рамки на ЕУ.
 
Од Еврокомисијата потенцираат дека предлогот за ЕТИАС не е виза, односно повторно воведување на визен режим кон Македонија и сите балкански држави и други земји од третиот свет со кои Еворпската унија има договор за патување без визи. Државјаните на земјите од визната либерализација се уште ќе бидат во можност да патуваат без визи, но од нив ќе се бара, како задолжителен услов за влез во Шенген-зоната, да добијат дозвола за патување пред да отпатуваат.
 
Со цел да се одлучи дали да се издаде или да одбие барање за патување во ЕУ, системот ЕТИАС е планирано да спроведе предпроверки и или ќе го одбие или ќе му дозволи на патникот да отпатува во Европската унија.
 
Конечната одлука да одобри или одбие влез на патници, секогаш ќе биде на националните гранични служби, кои се спроведуваат на граничните контроли во Шенгенскиот граничен простор, сепак, претходната проверка на патниците ослободени од визи од т.н. трети земји е планирано да ги олеснат граничните проверки и да обезбедат координирана и усогласена проценка на ризикот од нелегално доаѓање на државјани на трети земји и значително намалување на бројот на одбивање на влезот на самите гранични премини.
 
Според ЕК, во моментов, надлежните граничари и органите на прогонот имаат малку информации за оние кои се ослободени од визи при патување во ЕУ, додека тие имаат информации за луѓето што патуваат со визи. Со ова, според Комисијата се обезбедува дека сите посетители ќе бидат проверени пред нивното пристигнување во Шенген-зоната, со издавање потребно важечко одобрение за патување на сите државјани на трети земји што уживаат безвизен режим. ЕТИАС е предвидено да ги идентификува лицата кои можат да претставуваат закана за безбедноста или ризик од нелегална миграција уште пред тие да пристигнат на границата на ЕУ. Собирањето информации кои можат да бидат од витално безбедносно значење за границата и за спроведување на законот на земјите-членки е целта на овој систем.
 
Во согласност со Стратегијата за интероперабилност, предложена во комуникацијата на посилните и попаметните информациски системи за границите и за безбедноста од 6 април 2016 година, ЕТИАС е дизајниран да биде компатибилен со постоечките системи и оние системи што во моментов се уште се развиваат, како што е системот за влез и излез (ЕЕС).
 
Во најголема можна мера, кога е технички можно, информативниот систем за ЕТИАС ќе користи хардверски и софтверски компоненти на Стратегијата за енергетска ефикасност и комуникациската инфраструктура на ЕУ. Интероперабилноста, исто така, ќе биде утврдена со други информациски системи, како што е визниот информациски систем (ВИС), податоците на Европол, информацискиот систем на Шенген (СИС), Еуродак и Европскиот информациски систем за криминални досиеја (ЕКРИС).
 
ЕТИАС и ЕЕС ќе делат заедничко складиште на личните податоци на државјаните на трети земји, со дополнителни податоци од апликацијата преку ЕТИАС (на пример, информации за престој, одговори на важни прашања, компјутерска адреса итн) и евиденција од влез-излез системот на ЕЕС чуваат. Тие ќе бидат поврзани со заедничка и единствена датотека за идентификација.
 
При проверка и оценување на информациите доставени од страна на патниците што патуваат без визи во Шенген-зоната, со цел да се одобри или одбие овластувањето за патување, ЕТИАС системот автоматски ќе прави вкрстена проверка на секоја апликација со примена на постојните информатички системи на ЕУ како: Шенгенскиот информациски систем (СИС), Визниот информациски систем (ВИС), податоците на Европол, базата на податоци Еуродак, предложените идни информатички системи на ЕУ, влез/излез системот (ЕЕС), Европскиот информациски систем за криминални досиеја (ЕКРИС), релевантните бази на податоци на Интерпол,  базата на податоци за украдени или изгубени патни исправи на Интерпол (СЛТД)…
 
Клучните функции на ЕТИАС-системот ќе биде проверка на информациите доставени од страна на државјаните од трети земји што уживаат безвизен режим, како што се информации во врска со идентитетот, патните документи, информации за место на живеење, податоци за контакт и месот на престој… Преку онлајн апликација во пресрет на нивното патување кон надворешните граници на ЕУ, да се процени дали патникот претставува ризик за нелегална миграција, безбедноста или здравјето на луѓето.
 
Овој систем, чие развивање ќе ја чини Унијата 212 милиони евра, предвидено е автоматски да ја обработува секоја апликација поднесена преку веб-сајт или мобилна апликација со други информативни системи на ЕУ, како што СИС, ВИС, базата на податоци на Европол… Ќе постојат пропорционални и јасно дефинирани правила за филтрирање, за да се утврди дали постојат реални индикации или разумна основа за издавање или одбивање на одобрение за чатување кон Шенген-зоната.
 
Во случаите каде што не се идентификувани проблеми или елементи кои бараат натамошна анализа, одобрението за патување се издава автоматски во рок од неколку минути откако пријавата ќе биде поднесена. А, овластување ќе се добие преку постапка која е едноставна, евтина и брза. Имено, според Еврокомисијата, во поголемиот дел од случаите, овластување ќе се добие за неколку минути. Апликацијата за одобрение, чие поднесување нема да трае повеќе од десет минути за да се пополни и кое бара само важечка патна исправа, ќе важи за период од пет години и за повеќе патувања. За истата ќе се плаќа по пет евра и ќе важи за сите кандидати на возраст од над 18 години.
 
– Обезбедувањето на нашите граници и заштита на нашите граѓани е нашиот прв приоритет. ЕТИАС ќе ја затвори информациската празнина преку вркстена проверка на информациите за жителите од т.н. трети земји што патуваат без визи во ЕУ. Во иднина, ЕТИАС ќе биде лесен, брз, евтини и ефикасен за употреба – исткана првиот потпретседател нa Европската комисија, Франс Тимерманс.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска